Никол Шерцингер неодамна присуствуваше на ревијата на Мајкл Корс на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече едноставен, но ефективен аутфит кој ја слави најпопуларната боја на сезоната – кафеавата и целата нејзина палета.
Таа избра лежерен сатенски фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува силуетата. На аутфитот додаде бел капут кој совршено го нагласи нејзиниот примарен, темен аутфит и остави впечаток на тивок луксуз.
Својата витка фигура дополнително ја нагласи со тенок ремен, додека комбинацијата ја комплетираше со кожна чанта со интересни детали.
Целиот стајлинг беше монохроматски по природа, во земјени тонови надополнети со ненаметлив накит. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – избра брановидна форма, а што се однесува до шминката, носеше земјени тонови кои совршено го заокружуваа овој изглед.







