Најуспешната нација на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина е Норвешка. Четврти Игри по ред, Норвежаните го освоија првото место по бројот на медали, а нивниот последен „пораз“ беше во 2010 година во Ванкувер, кога доминираа Канаѓаните, чии спортисти освоија вкупно 41 медал, од кои 18 беа златни.
Норвешка, со само 80 спортисти, исто така го сруши рекордот, кој го постави со 16 златни медали на Олимписките игри во Пекинг пред четири години. Игрите во Милано и Коритна Норвешка ги заврши со 18 златни и по 11 сребрени и бронзени медали.
На второто место на ранг-листата се спортистите на САД, кои со триумфот на хокеарите на последниот ден стигнаа до своето 12-то злато (четири повеќе од претходните Игри во Пекинг), а вкупно освоија 33 медали со дури 232 спортисти.
Домаќините исто така можат да се пофалат со успешни Игри. За Италија, ова беа исто така рекордни ЗОИ. Нејзините спортисти освоија десет златни медали, исто како и Холандија. Италијанците освоија вкупно 30 медали, а Холанѓаните 20, но се пред домаќините поради едно сребро повеќе.
Од 92 земји што учествуваа на 25-тите Зимски олимписки игри, медали освоија спортисти од 29 земји.
Од територијата на поранешна Југославија, само Словенците освоија медали, вкупно четири (2-1-1). Сите се освоени во скијачки скокови, а членовите на семејството Превц, Домен и Ника, учествуваа во сите медали.
Херој на ЗОИ е Јоханес Хесфлот Клабо, освои шест златни медали. Едноставно е неверојатен факт дека Клабо, според бројот на златни медали, би го освоил деветтото место во вкупниот поредок, пред велесилите Австрија или Јапонија и Канада.







