Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 ден/кг и сега ќе изнесува 39,945 ден/кг. Од 5.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 39,945 (денари/килограм)
