Возел иако имал забрана: уапсен стружанец

Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од  ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал  и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава

Scroll to Top