Во гасење на пожарот кај Желино се вклучија авионите на ДЗС

Во атарот на селото Церово, Општина Желино избувна пожар, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. „На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Моментално на терен активно дејствуваат авионите „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување во гасење на пожарот“, вели Али. Тој додава дека ЦУК е во постојана координација со сите надлежни служби и состојбата се следи во реално време. Претходно денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов кажа дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила,а утре си оди и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.

Scroll to Top