(Видео) „Отпушти го пластичниот хирург“: Никој не го препозна познатиот актер

Познатиот комичар Џим Кери (64) привлече внимание со своето појавување на доделувањето на наградите „Cesar“. Иако самиот доби почесна награда за сите децении успешна кариера, таа остана во сенка на неговото лице.

Џим ја посвети наградата на својот татко и во трогателен говор нагласи колку многу му значел, меѓутоа, луѓето го искористија ова и за да коментираат за сите нови пластични операции што ги направил.

„Сакав да му оддадам почит на мојот татко. Мојот татко беше таков човек што, ако го сретнете пет минути, се чувствувавте како да го познавате 50 години“, рече Кери.

Во тој период, социјалните мрежи буквално експлодираа поради неговото лице, а шпекулациите за естетските интервенции не стивнуваат.

Луѓето дури го споредија неговиот изглед од порано и сега, и сфатија дека актерот во моментов е непрепознатлив.

„Којзнае што си направил на лицето“, „Не го препознавам“, „Ова е нова личност“, „Не го сакавме ова“, „Ова е лажен Џим Кери“, „Отпушти го пластичниот хирург“, „Погледнете му го вратот“, беа само дел од коментарите.

Scroll to Top