Иран објави список на потенцијални цели на кој се наоѓаат канцеларии и имот на големи американски технолошки компании кои работат на Блискиот Исток, јавија иранските државни медиуми.
Списокот, објавен од државната новинска агенција Тасним под наслов „Нови ирански цели“, опфаќа регионални канцеларии, како и дата-центри, „cloud“ и развојни центри на големи американски технолошки компании.
Во објавата се наведува дека како што се шири регионалната војна и се претвора во конфликт за инфраструктура, така се проширува и кругот на „легитимни ирански цели“.
На списокот се споменуваат канцеларии поврзани со компаниите Google, Amazon, Microsoft, Nvidia, IBM, Oracle и Palantir во Израел и во други делови од регионот, вклучително и Дубаи и Абу Даби.
Според државните медиуми, минатата недела Иран извел напад со дрон врз дата-центар на Amazon во Бахреин, а ирански беспилотни летала погодиле и две постројки на Amazon во Обединетите Арапски Емирати.






