Запален „ренџ ровер“ во Шуто Оризари: маскирано лице истурило течност и избегало

Во раните утрински часови, во Шуто Оризари бил опожарен патнички автомобил „ренџ ровер“.

Возилото според информациите од полицијата било со скопски регистарски ознаки и сопственост на Ф.О.(37) од Скопје.

Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале маскирано лице кое истурило течност врз возилото, по што тоа веднаш се запалило.

Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top