Потпишан колективен договор во Државниот архив: платите растат за 7 oтсто

Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7 отсто, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години.

Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за работа на архивистите и административниот кадар. Тој е јасна потврда за посветеноста на институцијата кон своите човечки ресурси и кон континуираното унапредување на архивската дејност.

Со потпишувањето на договорот се испраќа силна порака дека трудот и професионалната посветеност на вработените се ценети. Државниот архив со тоа се позиционира како пример за институција која вложува во своите луѓе, гради стабилна иднина и ја зајакнува улогата на јавната администрација во општеството.

Scroll to Top