Бернардо Силва донесе конечна одлука за својата иднина – португалскиот играч од средниот ред ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната.
Неговиот договор влеше во последната фаза, јасно е дека ова ќе бидат последните месеци на „Етихад“ за еден од клучните играчи на Пеп Гвардиола.
Шпекулациите беа дополнително поттикнати од неодамнешната изјава на самиот Силва, кој призна дека го сака клубот, но и дека животот во Манчестер не е она што го сака целосно.
„Навистина го сакам клубот и би останал до 40 години, но да беше во Лисабон. Културниот аспект на животот тука не е 100 проценти она што би го сакал“, рече Бернардо Силва.
Сепак, до крајот, тој ќе остане максимално фокусиран на тимот и пренесувањето на своето искуство на помладите.
„Тие можат да го вратат овој клуб таму каде што беше.“
Според последните информации, Силва веќе ги информирал клупските челници дека заминува на лето, но неговата следна дестинација сè уште не е позната.
Интерес има од неколку страни – од МЛС, Саудиска Арабија, но и од Европа. Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус и Наполи се споменуваат како потенцијални кандидати, додека во Америка најконкретен е ФК Лос Анџелес.
Foto/ depositphotos







