Напад во парк во Ѓорче Петров: Малолетничка претепана, објавена фотографија на социјални мрежи

Синоќа во полицијата, В.П.(50) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 12:30 часот во парк во Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички кои ги познавала.

Според пријавата, по нападот, едната од малолетничките објавила фотографија од настанот на социјална мрежа.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top