Пациенти понижувани и злоставувани во домови за стари лица, има уапсени во Италија

Италијанската полиција во градовите Ното и Рагуза, на југот од земјата, уапси 12 лица за злоставување и физичко насилство врз корисниците на две институции за стари лица во округот Пакино, објавија денес италијанските медиуми. Вкупно 16 лица се осомничени за злоставување на стари лица, како и пациенти со ментални нарушувања, објави агенцијата Анса. Истрагата, која ја координираше јавното обвинителство од Сиракуза, утврди дека 20 корисници на две социјални и здравствени институции претрпеле насилство, наведува агенцијата. Истрагата е покрената по пријави од неколку граѓани кои изјавиле дека пациентите со попреченост во овие институции се принудени да живеат во лоши услови и без соодветна помош, потсети Анса. Фото: принтскрин

Scroll to Top