Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско обраќање во среда навечер изјави дека американската војска речиси ги постигнала своите цели во Иран, но не понуди јасна временска рамка за завршување на едномесечната војна и се закани дека ќе ја бомбардира земјата и ќе ја врати во „каменото доба“.
Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави биле исклучително успешни во војната со Иран и рече дека целиот свет гледа и „не може да верува колку се моќни и брилијантни САД“.
Trump on Iran:
This is a true investment in your children’s and grandchildren’s future. pic.twitter.com/H5DlPEvHea
— Clash Report (@clashreport) April 2, 2026
„Многу е важно да се стави овој конфликт во перспектива. Учеството на Америка во Првата светска војна траеше една година, седум месеци и пет дена. Втората светска војна траеше три години, осум месеци и 25 дена. Корејската војна траеше три години, еден месец и два дена. Виетнамската војна траеше 19 години, пет месеци и 29 дена. Ирачката војна траеше осум години, осум месеци и 28 дена. Вклучени сме во оваа воена операција, толку моќна, толку брилијантна, против една од најмоќните земји, 32 дена. И таа земја е уништена и повеќе не претставува закана. Тие беа насилниците на Блискиот Исток, но повеќе не се.
Ова е вистинска инвестиција во иднината на вашите деца и внуци. Целиот свет гледа и не можат да веруваат дека гледаат таква моќ, сила и брилијантност, едноставно не можат да веруваат што гледаат, ќе го оставам тоа на вашата имагинација, но не можат да веруваат што гледаат, брилијантноста на американската војска.“







