ПООСТРА, ПОСМЕЛА, ПОМОДЕРНА: НОВАТА OPEL ASTRA

 

Пикови: Бестселерот во компактната класа за првпат со новиот Opel Vizor дизајн и осветлено Blitz лого, како и најновата Intelli-Lux HD технологија на осветлување

Опуштено патување: Intelli-седишта со ергономска функција стандардно во сите верзии

Поголем опсег: Новата Astra Electric со автономија до 454 километри (WLTP1)

Слобода на избор: Од целосно електрична, преку plug-in хибрид, до ефикасен мотор со внатрешно согорување

Стабилни цени, повеќе придобивки: Astra Plug-In Хибрид достапна од 39.900 €, Astra Electric достапна од 39.300 €, Astra Hybrid од 27.900€, Astra Дизел достапна од 26.490€ (цени во Македонија)

Комбинирани вредности за Opel Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric според WLTP2: потрошувачка на енергија 15,3–15,8 kWh/100 km, CO₂ емисии 0 g/km; CO₂ класа:

Комбинирани вредности за Opel Astra Plug-in Hybrid и Sports Tourer Plug-in Hybrid: потрошувачка 12,6–13,0 kWh електрична енергија/100 km + 2,2–2,3 l бензин/100 km; CO₂ емисии 49–53 g/km; CO₂ класа B. Кога батеријата е испразнета: 5,4–5,6 l/100 km; CO₂ класа D.

Комбинирани вредности за Opel Astra Hybrid и Sports Tourer Hybrid: 4,9–5,1 l/100 km; CO₂ емисии 109–114 g/km; CO₂ класа: C.

Комбинирани вредности за Opel Astra 1.5 Diesel и Sports Tourer 1.5 Diesel: 4,9–5,1 l/100 km; CO₂ емисии 130–134 g/km; CO₂ класа: D.

 

Во јануари, новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer ја имаа својата светска премиера на Саемот за автомобили во Брисел, а од февруари месец 2026 модернизираните и дополнително унапредени верзии се достапни за нарачка.

Најдобро од сè – новата Astra, која е дизајнирана, развиена и произведена во седиштето на Opel во Риселсхајм, нуди иновативни технологии, поголем комфор и уште поизразен изглед.
Клиентите добиваат повеќе за своите пари: Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric се со цена од 39.300 € а имаат батерија од 58 kWh нуди поголем капацитет и до 454 km автономија без локални емисии. Алтернативно, хибридната верзија со 107 kW (145 КС) започнува од 27.900 €.

Привлечна од секој агол: Astra со осветлено Opel Blitz лого и унапреден Vizor

Уште на прв поглед, новата Astra изгледа помодерно, поостро и поуникатно. Opel Blitz логото е централно поставено во уште потесниот и попрецизно обликуван Vizor – и за првпат е осветлено во Astra. Предниот дизајн носи елементи од Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo, пренесувајќи дел од концептот во сериско производство.

Новите дизајни на 17- и 18-инчните алуминиумски тркала и новите металик бои „Kontur White“ и „Klover Green“ дополнително го истакнуваат изгледот, особено во комбинација со контрастен црн покрив.

Како вистинска кулминација, наградуваното Intelli-Lux HD осветлување со повеќе од 50.000 елементи е достапно како опција. Оваа технологија ја осветлува патеката според патот и настанатата ситуација во моментот на возење без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот и без да го заморува возачот. Системот препознава сообраќајни знаци и ги затемнува LED светлата за да избегне рефлексија. Во највисокото ниво „Ultimate“, ова осветлување е стандардно.

Комфор и удобност: чист кокпит, прецизни дисплеи, удобни Intelli-седишта

Внатрешноста е дополнително оптимизирана – од кокпитот до комфорот при патување. Intelli-седиштата се стандардни во сите верзии и имаат специјален централен канал што го намалува притисокот на ’рбетот, обезбедувајќи удобност и на подолги патувања. Од нивото GS, возачкото седиште има AGR сертификат, а во опцијата ReNewKnit™ и двете предни седишта се сертифицирани.

Кокпитот и инфотејнмент интерфејсите се појасни и поинтуитивни, со нова графика и подобра читливост. Во духот на „Greenovation“, користени се одржливи материјали – воланот е целосно обложен со вегански материјали, а навлаките на седиштата можат да бидат од ReNewKnit™, материјал со изглед на велур кожа.

Висока ефикасност: Astra Electric со до 454 km автономија

Развојот на електрифицираните погони беше фокусиран на ефикасност. Astra Electric со 115 kW (156 КС) и батерија од 58 kWh нуди до 454 km автономија – околу 35 km повеќе од претходно.

Новина е и V2L (Vehicle-to-Load), што овозможува напојување на надворешни уреди, како електрични велосипеди. Купувачите исто така добиваат бенефиции преку програмата „Electric All In“.*
*Во зависност од земјата

За оние што сакаат делумна електрификација, достапни се:

– хибрид од 107 kW (145 КС) од 27.900 €

– plug-in хибрид од 144 kW (196 КС) од 39.900 €

Дизел верзијата 1.5 (96 kW / 130 КС) започнува од 26.490 €.

Astra ги задржува и практичните предности: до 1.339 литри багажник кај хечбекот и до 1.634 литри кај Sports Tourer. Задните седишта се преклопуваат во однос 40:20:40 за максимална флексибилност.

[1] Наведениот опсег е според WLTP процедури и може да варира во реални услови.

[2] Потрошувачката зависи и од стилот на возење и други фактори.

[3] Понуда важи за приватни купувачи во Македонија

За ЕУРОИМПЕКС

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.

Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

 

Scroll to Top