Ѓорѓиевски со сопругата донираше реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода, соопштија од Град Скопје.

Оваа донација, според соопштеното, ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој.

„Вложувањата во сензорни простории придонесуваат за развојот на когнитивните и социјалните вештини на децата, нивната самостојност и можноста за активно вклучување во општеството. Орце Ѓорѓиевски и неговата сопруга го потврдуваат своето продолжено залагање за еднакви услови и инклузија за сите граѓани на кои им е потребно“.

Scroll to Top