Над 200 долари по барел: дизелот скокна на највисоко ниво во 4 години

Цените на дизелот во Европа достигнаа највисоко ниво во последните четири години, над 200 долари по барел, поради стравувањата од продолжување на конфликтот на Блискиот Исток.

Главна причина е прекинот на испораките преку Ормускиот теснец, што го намали снабдувањето на глобалниот пазар.

Шефот на Меѓународна агенција за енергија, Фатих Бирол предупреди дека Европа веќе во април или мај може да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво.

„Ни се заканува многу големо нарушување, најголемо во историјата“, изјави Бирол.

Дополнителен притисок врз пазарот создаваат и нападите врз руската енергетска инфраструктура, што го ограничува извозот.

Scroll to Top