(Видео) Јокиќ 39, Вембањама 34 поени – Денвер по едно продолжение го победи Сан Антонио

Денвер Нагетс ги победија Сан Антонио Спарс со 136-134, по едно продолжение, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 124:124.

Сан Антонио Спарс ја прекинаа својата серија од 11 победи во саботата навечер, откако загубија од Денвер Нагетс во преполната Бол Арена во Колорадо. Денвер Нагетс ја забележаа осмата по ред.

Овој МВП дуел го одбележаа двајцата најдобри центри на денешницата, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

Јокиќ постигна 39 поени со 8 скока, 13 асистенции, 3 украдени топки и 3 блокади и без загубена топка.

Кристијан Браун имаше 21, Камерон Џонсон 17, а Арон Гордон и Џамал Мареј постигнаа по 15 поени, Канаѓанецот имаше и 10 асистенции.

Во редовите на Сан Антонио, Виктор Вембањама забележа 34 поени, 18 скока, 7 асистенции, 5 блокади и 3 украдени топки со само една згубена топка.

Стефон Касл постигна 20 поени со 5 скока и 9 асистенции, Васел и Чемпмени додадоа по 18, Диерон Фокс имаше 14, а Келдон Џонсон 10 поени.

Дуелот во Бол арена го обележа спектакуларна прва четвртина, која Сан Антонио ја доби со 43:36 и финишот на регулерниот дел. Сан Антонио во текот на целиот натпревар имаа предност, Денвер го следеше нивниот ритам, но се чинеше дека мечот е готов кога Спарс на 90 секунди до крајот стекнаа предност 122:116.

Нагетс успеаја да се врата, благодарени на Арон Гордон, кој ги постигна последните поени во регуларниот дел.

Во продолжението доминираше Јокиќ, кој постигна осум од 12-те поени на Денвер.

Денвер со скор 50 победи и 28 порази се четврти на Западот, Сан Антонио се втори со 59 победи и 19 порази.

Scroll to Top