Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на својата социјална мрежа „Трут соушал“ за кое тврди дека прикажува „огромен напад на Техеран“. Тој во објавата напиша дека се убиени голем број ирански воени лидери кои, како што вели тој, „лошо и непромислено го воделе својот народ“.
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) April 4, 2026
Интензивирање на нападите врз Техеран
Објавата на Трамп доаѓа во екот на серија интензивни напади врз стратешки воени и политички цели во Иран.
Во изминатиот период веќе беше потврдена смртта на неколку високи функционери од врвот на иранскиот воен и безбедносен апарат.
Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително се заострува, додека страните во војната изнесуваат противречни податоци за вистинските размери на штетата и бројот на загинатите во најновите бомбардирања.







