Трамп: „Вторник, 20:00 по источно време!“

Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го појасни крајниот рок што му го даде на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец. Според неговата последна објава, ултиматумот истекува во вторник во 20:00 часот по источноамериканско време (среда, 02:00 часот по полноќ по македонско време).

„Вторник, 20:00 по источно време!“, напиша Трамп.

Ова прецизирање доаѓа по серијата закани дека доколку Иран не ја ослободи клучната поморска рута до тој момент, САД ќе започнат со масовно уништување на критичната инфраструктура во земјата.

Претседателот на САД дополнително ја заостри реториката, најавувајќи дека вторник може да биде запаметен како „ден на електраните и мостовите“. Со ова тој директно алудира на воени цели насочени кон енергетската и транспортната мрежа на Иран, што би значело целосна парализа на иранската држава.

И покрај воените најави, Трамп остава простор за дипломатски пресврт. Во разговор за „Фокс Њуз“, тој изјави дека постои „добра шанса“ Иран да постигне договор со Вашингтон уште во текот на утрешниот ден.

Scroll to Top