(Фото) Топлес во 60-тите? Само „проклето совршената“ Елизабет може да го направи тоа

Познатата убавица Елизабет Харли (60) влезе во својата седма деценија, но погледот на нејзините фотографии го кажува спротивното. Убавицата Лизи изгледа барем половина од своите години, а неодамна откри и кој пијалок ѝ помага да остане во форма.

Кралицата на бикините, како што популарно ја нарекуваат, често објавува фотографии на кои рекламира некои делови од својата колекција за плажа, а не и е непознато да позира гола.

„Пролетта е тука, сè додека ја заштитувате кожата, малку сонце е добро за вас и ментално и кога станува збор за убавина. Затоа, ставете крема и излезете надвор“, напиша Лизи под фотографија на која позира во долен дел од бикини, додека градите ги покрива само со рацете.

Не требаше долго време сите да „полудат“ во коментарите под нејзината гола објава, па дури и нејзиниот син Дамијан ја остави својата реакција.

„О, Боже“, напиша тој.

„Неверојатна жена“, „Кралица“, „Нереална си“, „Гориш“, „Бог беше расположен кога те создаде“, „Проклето совршена“, беа само дел од коментарите.

Scroll to Top