Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од среда до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.







