ЕУ бара итно објаснување од Унгарија

Европската комисија побара од Унгарија да даде објаснување „во најкус можен рок“ за телефонски разговори со Русија во кои се споделувале интерни информации од ЕУ.

Европските медиуми објави дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто преку директна линија, главно со Сергеј Лавров, доставувал „стратешки информации“ од состаноци во Брисел, вклучително и документ за преговорите за пристапување на Украина.

Овие извештаи предизвикаа критики пред парламентарните избори во Унгарија, на кои Виктор Орбан бара нов мандат. Портпаролката на Европската комисија Паула Пињо изјави дека информациите се „исклучително загрижувачки“ и побара итно објаснување, додавајќи дека Урсула фон дер Лајен ќе разговара со европските лидери.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ја критикуваше Унгарија.

Сијарто ги отфрли наводите, обвинувајќи странски служби за „мешање“ и пресретнување на неговите разговори, тврдејќи дека тоа е направено во интерес на Украина.

Фото: Depositphotos

Scroll to Top