Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот

Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска и во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.

Scroll to Top