(Видео) Со 5.000 денари Општината го награди победникот во потрагата по скриени велигденско јајце во Крива Паланка

Општина Крива Паланка ја почна реализацијата на велигденската програма, наменета за сите генерации, со посебен акцент за најмладите.


За нив денес на градскиот плоштад беше организирана велигденска забава со аниматори, пантомимичари, музика и многу забавни игри.

„Особен интерес предизвика потрагата по скриеното велигденско јајце, при што најуспешниот учесник беше награден со вредносен ваучер од 5.000 денари, додека за дел од останатите игри беа доделени симболични велигденски подароци, во духот на празничната радост“, велат од Општина Крива Паланка.


Потрагата по велигденско јајце се организира првпат а од Општината велат дека ќе прерасне во традиција.


Велигденската програма продолжува утре со манифестацијата „Велигденска традиција 2026“, која ќе се одржи во селото Градец.

Општина Крива Паланка јавно ги покани да дојдат сите кои сакаат да да бидат дел од празничните настани и нагласи дека вратите на Крива Паланка се отворени за сите кои сакаат да ја споделат радоста, традицијата и убавината на Велигден.

Scroll to Top