Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен наследник за претседател во 2028 година. „Мислам дека тоа е најверојатно“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан за неговиот можен политички наследник, објави „Ројтерс“. Трамп исто така предложи Венс и државниот секретар Марко Рубио да ги здружат силите за идниот републикански кандидат. Како што истакна „Ројтерс“, ова е првпат Трамп отворено да го поддржи Венс како можен кандидат. Во февруари тој рече дека Венс е многу способен, но дека е прерано да се утврди кој ќе биде кандидат.

Scroll to Top