Пожар во „смарт брабус“ во Куманово, неколку лица вдишиле чад

Доцна синоќа, на улицата Тоде Мендол во Куманово, избувнал пожар во паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки.

Според пријавата во кумановската полиција, огнот избил околу 23:25 часот, по што на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово и го изгаснала пожарот.

Во инцидентот, неколку лица кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово, каде им била укажана лекарска помош.

На местото на настанот увид извршила полициска екипа од Куманово, а се работи на утврдување на причините за пожарот.

Scroll to Top