„Се вратив на работа 10 дена по породувањето, рекоа дека бебето нема да се сеќава на тоа“

Лиса Кудроу откри дека се вратила на работа само десет дена по породувањето и сега, од оваа дистанца, ја смета одлуката за луда.

Актерката Лиса Кудроу, добро позната на домашната публика по улогата на Фиби во култната серија „Пријатели“, разговараше со CBS за семејниот живот и одлуките што ги донела по раѓањето на нејзиниот син.

„Гледајќи наназад, го родив мојот син и само десет дена подоцна бев на состанок за филм. Мојот агент ми рече во тоа време дека ќе бидам добро и дека не е ништо сериозно. Потоа на состанокот, Били Кристал ми кажа колку одлично изгледам и ме праша кога сум се породила. Одговорот беше дека почнуваме во четврток“, рече Лиса.

Сепак, актерката сега ја смета одлуката за целосно луда и веројатно повеќе не би направила нешто такво.

„Се сеќавам дека родителите на мојот сопруг беа во посета од Франција. Моите родители беа тука, сите околу мене зборуваа – ‘секако дека можеш да го направиш тоа’. Мислев дека не е во ред, имам новороденче. Ми рекоа дека дадилката ќе се грижи за бебето, сè е во ред и бебето дефинитивно нема да се сеќава на тоа“, рече актерката.

Лиса Кудроу и Мишел Стерн се во брак точно 30 години, и нема многу детали за нивниот живот што се познати на јавноста. Нивниот син неодамна го имаше своето деби кога се појави во серијата на HBO „The Comeback“.

Scroll to Top