Возел со 155 километри на час, на место каде што дозволената брзина е 80: уапсен возач од Швајцарија

Вчера во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од Швајцарија. При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Scroll to Top