Савески со холандската амбасадорка Џанел: јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и финансиската самостојност на Јавното обвинителство во фокусот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција.

Амбасадорката Џанел му честиташе на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и финансиската самостојност на Јавното обвинителство.

За јакнење на јавната доверба во институцијата и двајцата ја истакнаа како клучна транспарентноста, директната комуникација со граѓаните, но и воедначената примена на законите што треба да овозможи предвидливост и увереност во исправноста на одлуките.

Scroll to Top