Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Првата несреќа била пријавена околу 14:30 часот на крстосницата од улиците „Благоја Стефковски“ и „102“, каде се судриле патничко возило „цитроен“, управувано од Ј.С. (63) од Скопје, и мопед управуван од А.Т. (40) од Скопје. Во несреќата со тешки повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Втората несреќа се случила околу 17:30 часот на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде се судриле патничко возило „пежо“, управувано од О.Р. (32) од Скопје, и мотоцикл управуван од Ј.В. (26) од Скопје. И во овој случај, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, потврдени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Scroll to Top