СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишен тетовец поради сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
Според пријавата, осомничениот физички и психички ја малтретирал својата партнерка, како и нејзините деца. Во последните три месеци, тој преку мобилна апликација им испраќал и пораки со заканувачка содржина.
Случајот е процесуиран до надлежните институции.







