Делови од Словенија се погодени од невреме проследено со силен ветер и крупен град, пренесува 24ур.
Од Словењ Градец, Жалец и Преваље се пријавуваат силни налети на ветер, додека во Велење има поплави поради обилни врнежи.
Невремето се движи од северозапад кон остатокот од земјата, а особено на североистокот се очекуваат поинтензивни врнежи, град и силен ветер.
Според прогнозите, времето ќе се смири во текот на ноќта, но веќе во понеделник повторно се очекуваат локални врнежи и нестабилно време.







