Британските власти: Нема докази за напад на британски бродови во Ормускиот теснец

Британското Министерство за одбрана и Министерството за транспорт соопштија дека нема извештаи за напади врз бродови поврзани со Обединетото Кралство, по тврдењата на Доналд Трамп дека британски товарен брод бил цел во Ормускиот теснец.

Според британската организација УКМТО, регистрирани се два инцидента со бродови во теснецот – танкер и товарен брод, но не е наведено со кои држави се поврзани.

Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам Мисри изјави дека во инцидентите биле вклучени два брода под индиско знаме.

Scroll to Top