Вучиќ му честиташе на Радев: „Овој резултат ќе биде можност за зајакнување на стабилноста и напредокот“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес телефонски разговараше со Румен Радев, при што му честиташе за победата на изборите во Бугарија.

„Му честитав на Румен Радев за изборниот успех и победата во Бугарија. Убеден сум дека овие резултати ќе бидат можност за зајакнување на стабилноста и напредокот, како и за подобрување на соработката меѓу Србија и Бугарија во духот на добрососедските односи и заедничките интереси“, напиша Вучиќ,  пренесоа српските медиуми.

Тој додаде дека Србија останува посветена на градење партнерски односи и регионална стабилност.

Scroll to Top