Од полноќ горивата поевтинуваат

Од  полноќ дизелот и бензините ќе поевтинат за 1,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 ден/кг и сега ќе изнесува 46,288 ден/кг.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top