Барселона со „земи или остави“ понуда за Левендовски

Роберт Левандовски влезе во последните три месеци од договорот со Барселона и се повеќе се зборува за неговото заминување од „Ноу Камп“.

Полјакот има 37 години, но сè уште е интересен за голем број врвни клубови.

Од Каталонија доаѓаат информации дека Барса му понудила нов договор по принципот „земи или остави“. Во превод, условите се тие понатамошни преговори нема да има.

Левандовски на маса ја има можноста да потпише едногодишен договор со повеќекратниот европски шампион, но под далеку полоши финансиски услови во споредба со оние што ги имаше досега. Дури се зборува и за 50 проценти помала плата.

Исто така неговата улога во тимот би била ограничена, бидејќи Барса веќе започна со потрага по нова прва опција во шпицот.

Тешко е да се очекува дека Полјакот ќе го прифати ова, бидејќи дури и сега има понуди кои се многу подобри од Барса, па разделбата е се поизвесна.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top