Калас: Ако борбите продолжат вечерва, цената за сите ќе биде многу висока

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека во следните 24 часа очекува деблокирање на кредитот за Украина, кој беше блокиран од Унгарија. „По изборите во Унгарија има нов моментум и очекувам позитивна одлука за кредит од 90 милијарди евра во следните 24 часа“, изјави Калас по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург.

Калас додаде дека ЕУ треба да разгледа и други одлуки што се блокирани подолго време, како што се отворањето на преговарачки кластери со Украина, како и 20-тиот пакет санкции, и да продолжи со нови пакети. Министрите разговараа и за ситуацијата на Блискиот Исток, каде што се во сила привремени прекини на огнот во Иран и Либан, но кои наскоро треба да истечат. „Ако борбите продолжат вечерва, цената за сите ќе биде многу висока“, рече Калас.

Шефицата на европската надворешна политика изјави дека ЕУ веќе има сеопфатни санкции против Иран и дека министрите денес постигнаа политички договор за проширување на режимот на санкции. „Предлогот е насочен кон оние кои се вклучени во ограничувањето на слободата на пловидба во Ормускиот теснец.

Нема договор за Израел
Сега постои политички договор, но за тоа е потребна правна подготовка и очекуваме Советот за надворешни работи да го усвои во мај“, рече Калас. Во врска со предлогот на некои земји за суспендирање на договорот за асоцијација со Израел, Калас рече дека нема договор за тоа.

Некои земји се залагаат за суспендирање на договорот за асоцијација, други за суспендирање само на трговскиот дел од тој договор, додека Франција и Шведска неодамна предложија компромис што би го ограничил увозот на производи од нелегални израелски населби на палестинските територии.

Израел: Суспендирањето би било политички и морално неприфатливо
Во септември, Европската комисија предложи суспендирање на некои трговски одредби од договорот за асоцијација, што би влијаело на израелскиот извоз во износ од околу 5,8 милијарди евра, а што Израел го оцени како морално и политички неприфатливо.

Scroll to Top