„Си-ен-ен“: Одложено заминувањето на потпретседателот на САД за преговори со Иран

Засега, заминувањето на потпретседателот на САД Џ.Д. Венс во Исламабад, главниот град на Пакистан, за планирани преговори со Иран, е одложено, јавува CNN повикувајќи се на неименувани извори.

Се очекуваше денес Венс да отпатува во Исламабад на преговори со делегацијата на Иран, но не е познато каков е моменталниот план.

Извори за CNN изјавија дека Венс пристигнал во Белата куќа на состанок за следните чекори на американската администрација, а таму биле и американскиот министер за одбрана Питер Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.

Досега ниту еден ирански функционер не потврдил дека делегација од таа земја ќе отпатува во Исламабад.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ќе се постигне договор со Иран и дека ја исклучува можноста за продолжување на двонеделното примирје.

Scroll to Top