(Видео) Сан Антонио загубија од Портланд и останаа без Вембањама

Кошаркарите на Портланд го победија Сан Антонио со 106:103 и го израмнија резултатот во плејоф серијата, во Западната конференција на 1-1.

Натпреварот го обележа сериозната повреда на првата ѕвезда на Спарс, Виктор Вембањама, кандидатот за МВП, кој ден претходно беше едногласно избран за најдобар дефанзивец во лигата.

Херој на победата беше Скут Хендерсон со 31 поен, водејќи ги Треилблејзерс до голем пресврт откако францускиот центар на Спарс мораше да го напушти теренот со потрес на мозокот.

Вембањама се повреди во втората четвртина откако проби во рекетот покрај Џру Холидеј, кога падна со лицето на подот и ја удри вилицата на подот. По дијагнозата потрес на мозокот, тој не се врати во игра и веднаш беше вклучен во протоколот на НБА, што значи дека може да пропушти повеќе натпревари.

Дури и без нивната прва ѕвезда, Сан Антонио се чинеше дека го контролира натпреварот, стигнаа до +14 на почетокот на последната четвртина, но следеше целосен пад во нападот.

Портланд го „заклучи“ ривалот во финишот, оставајќи ги Спарси без поени во последните 3 минути и 37 секунди, а натпреварот го завршија со серија од 11:2.

Клучниот момент беше забивањето на Роберт Вилијамс на 12 секунди до крајот, за водство од 104:101.

Покрај Хендерсон, кај Портланд Холидеј додаде 16 поени и девет асистенции, Авдија 14, додека Вилијамс го заврши натпреварот со 11 поени.

Сан Антонио го предводеше Стефон Касл со 18 поени, Диерон Фокс додаде 17, додека Девин Васел имаше дабл-дабл со 16 поени и 12 скока, но промаши тројка за израмнување во последните секунди.

Третиот натпревар од серијата се игра во петок во Портланд.

Scroll to Top