Девојчињата повторно заостануваат зад момчињата по математика, покажува најновото истражување на УНЕСКО. Во 2023 година, момчињата имаат подобри резултати во дури 81% од анализираните земји, што е највисоко ниво во последните речиси 30 години.
Иако разликата значително се намалуваше во изминатите децении, од 2019 година трендот се свртува. Сѐ повеќе девојчиња не го достигнуваат ни минималниот праг по математика, додека бројот на момчиња со слаби резултати се намалува.
УНЕСКО дел од назадувањето го поврзува со последиците од пандемијата на коронавирусот, која довела до поголемо заостанување и пад на самодовербата кај девојчињата.
Организацијата повикува на рана поддршка – јакнење на самодовербата на девојчињата, борба против стереотипите и подобро следење на резултатите според пол.







