„Рудникот за антимон во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори“, велат од СДСМ

„Нели Владата на Христијан Мицкоски вчера тврдеше дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка? Вистината покажа дека не е така и ја разоткри целата позадина на овој случај. Антимонот во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори“, велат од СДСМ.

„Она што се претставуваше како „државен интерес“ и наводен стратешки проект со САД, во суштина е класичен бизнис-дил.

Концесионер на локалитетот Луке е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“ каде сопственик е Ѓорѓе Качурков, донатор на ВМРО.

Дополнително, договорот во Вашингтон го потпишал Ник Јовановски од австралиската „Пела Глобал Лимитед“. Истиот човек кој уште во 2015 година, како застапник на фирма поврзана со донаторот на ВМРО, го потпишал договорот за концесија за истиот локалитет.

Сите овие факти ја откриваат целосната мрежа.

За Мицкоски се е бизнис. Владата е подготвена да го жртвува здравјето на граѓаните за профитот на своите спонзори.

Ова е уште една причина зошто мора да има референдум во Крива Паланка на кој граѓаните ќе одлучат за рудникот.

Уште една причина зошто градоначалникот Митовски мора да ги слушне граѓаните а не Мицкоски.

Здравјето мора да биде пред профитот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, соопшти СДСМ.

Scroll to Top