(Видео) Манасиевски: СДС преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и одработуваат за партии во други држави

„СДС преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и одработуваат за партии во други држави. Средбата на генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ со Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ во Скопје, на која договарале соработка, била по насока на нивниот ПР шеф Башановиќ, а координирана токму од Зоран Заев“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова СДС директно се стави во услуга на странски партии за да им помага во нивните делувања и да формира некакви опозициски фронтови, додека тука во Македонија стануваат маргинална партија.

Сето ова, СДС го прави само поради нивниот врховен лидер Заев, кој има лични и бизнис интереси со неговиот пријател Башновиќ.

Чудно, до каде се спремни СДС да тонат само поради Зоран Заев. Се радуваат на победи на избори на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, формираат опозициски фронт во трета држава, шират антидржавни политики на четврта држава, но никако да делуваат во својата држава.

И згора на се живеат во свој имагинарен свет, во кој бараат избори на кои се убедени дека ќе победат со само 4% рејтинг.

Во СДС се потребни реформи што побрзо бидејќи по следните избори, може да ги снема“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top