Иран планира да ослободи пријателски земји од такси за Ормускиот теснец

Иран подготвува изземање од плаќање транзитни такси за минување низ Ормускиот теснец за одредени „пријателски земји“, меѓу кои и Русија, изјави иранскиот амбасадор во Москва Казем Џалали, пренесува Анадолу.

Во исто време, Техеран ја засилува контролата врз овој клучен нафтен поморски коридор, при што, според Волстрит журнал, од бродовите се бара однапред да договорат плаќање со Револуционерната гарда.

Паралелно се разгледува и закон со кој би се вовеле задолжителни такси за сите бродови што минуваат низ теснецот.

Поморскиот сообраќај е нарушен од крајот на февруари поради војната меѓу САД и Иран, што предизвика тензии и на глобалните енергетски пазари.

Scroll to Top