Од Даунинг стрит реагираа на информациите дека САД размислуваат да ја преиспитаат поддршката за британскиот суверенитет над Фолкландските Острови, јави Скај њуз.
Британската влада порача дека нејзиниот став останува непроменет. „Суверенитетот му припаѓа на Обединетото Кралство, а правото на самоопределување е клучно“, изјави портпарол на премиерот, нагласувајќи дека жителите на островите веќе се изјасниле дека сакаат да останат под британска власт.
Во меѓувреме, Пентагон разгледува политички мерки против сојузници во НАТО кои не ги поддржале американските операции против Иран, вклучително и можност за преиспитување на поддршката за Фолкландите.
Овие идеи доаѓаат во контекст на зголемени тензии меѓу сојузниците, откако дел од европските земји одбија да обезбедат бази, прелети и логистичка поддршка за американските сили.







