(Видео) Нотингем Форест „пукна петарда“ среде Сандерленд

Нотингем Форест, направија голем чекор кон опстанокот во Премиер лигата, ткако во 34-то коло, во Сандерленд го декласираа домаќинот со 5:0.

Пред натпреварот против Нотингем Форест, Сандерленд беше фаворит на домашен терен, но никој не очекуваше дебакл на „црните мачки“.

Сериозен дебакл доживеа Сандерленд, кој со победа може да се израмни со Борнмут на седмото место, кое води во Конференциската лига.

Сепак, поголемите импликации се од другата страна на табелата.

Форест сега има шест бода и натпревар повеќе од Вест Хем, првиот тим во безбедната зона, а е на осум бода од Тотенхем, кој е прв под линијата.

Што се однесува до натпреварот, гостите ги постигнаа првите четири гола за 20 минути – од 17-та до 37-та минута. Се започна со бизарниот авто гол на Хјум, а потоа погодија Вуд, Гибс-Вајт и Игор Жезус. Елиот Андерсон стави тока на натпреварот во 95-та минута.

Scroll to Top