Реал го договори првиот летен трансфер

Реал Мадрид одлучи да го врати Нико Паз од Комо ова лето и веќе го информираше италијанскиот клуб и самиот играч за својата намера. Иако официјалниот рок за активирање на откупната клаузула истекува на 30 мај, „Лос Бланкос“ ја донесоа одлуката порано, поттикнати од одличните настапи на аргентинскиот играч од средниот ред за време на неговиот двегодишен престој во Серија А.

Паз е производ на младинската академија на Реал, одигра осум натпревари и постигна еден гол за првиот тим на шпанскиот и европскиот гигант пред да се пресели во Комо во летото 2024 година.

Иако има договор со италијанскиот клуб до 2028 година, сите знаци укажуваат на негово враќање во Мадрид за претстојната сезона.

Реал Мадрид планира да активира откупна клаузула вредна девет милиони евра. Во меѓувреме, пазарната вредност на Паз драматично се зголеми и сега се проценува дека е вреди до 65 милиони евра.

„Се очекува Нико Паз да потпише за Реал Мадрид ова лето. Тој вредеше помалку од 10 милиони евра кога Комо го купи… сега вреди 65 милиони евра. Тој е единствениот играч со повеќе од 15 голови и 15 асистенции од почетокот на минатата сезона во Серија А“, обвави платформата „The Touchline“.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top