Група малолетници нападнале 13-годишно момче во Аеродром, снимале со телефон

Тринаесетгодишно момче било физички нападнато од поголема група малолетници во скопски Аеродром, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите го снимал нападот со мобилен телефон, соопшти полицијата.

Случајот во СВР Скопје го пријавил неговиот татко, 54-годишен скопјанец, кој навел дека нападот се случил на 25 април околу 21 часот, додека неговиот син бил со петмина свои другари.

Според пријавата, при инцидентот бил нападнат и еден од другарите на момчето, односно напаѓачите се обиделе и него да го нападнат, при што едно од лицата извадило нож.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top