Пукање во центарот на Атина: 89-годишник рани повеќе лица на две локации

Повеќе лица се ранети во пукање на две локации во центарот на Атина, а грчката полиција интензивно трага по напаѓачот, за кого локалните медиуми јавуваат дека e 89-годишен маж, пренесе Скај њуз.

Според информациите, вооружениот напаѓач прво отворил оган во канцеларија на службата за социјално осигурување во атинската населба Керамеиκос, каде ранил еден вработен во ногата. Повредениот е пренесен во болница и е надвор од животна опасност.

Полицијата се сомнева дека истиот маж подоцна пукал и во приземјето на судска зграда во Атина, каде биле повредени уште неколку лица. Според првичните информации, најмалку три судски службенички се здобиле со полесни повреди.

Мотивот за нападот засега не е познат. Според сведоци, напаѓачот по пукањето оставил документи за кои рекол дека ја објаснуваат причината за неговите постапки.

Фото: Depositphotos

Scroll to Top