(Фото/Видео) Навикнати сме на нејзините гламурозни изданија, но сега таа е вистинска „опасница“

Свечената вечера наречена „TIME 100“ собра бројни ѕвезди од светот на познатите личности. Многу познати убавици ги покажаа своите беспрекорни креации, а овој пат, вниманието го привлече Кејт Хадсон.

Наместо класично гламурозно издание кое одговара на нејзините нежни црти на лицето, актерката одлучи да биде вистинска „опасница“. Или поточно, таа избра темен гламур кој никого не остави рамнодушен.

Имено, Кејт избра миди фустан во црна боја од брендот „Khaite“. Креацијата се карактеризира со смел крој кој ја следи линијата на телото, но и драматично деколте.

Не треба да се изостави дискретниот златен детаљ сместен во пределот на градите, ниту пак нараквицата која дополнително ја надополнуваше оваа машна.

За да го заокружи ова издание, познатата русокоса додаде кожни ракавици, но и впечатлива шминка во темни нијанси.

Scroll to Top