Џими Кимел испрати порака до Трамп по новите закани

На денот кога администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ги доведе во прашање лиценците на телевизиските станици во сопственост на ABC, водителот Џими Кимел имаше порака за претседателот.

Во својата емисија „Jimmy Kimmel Live!“ во вчера вечерта, комичарот не се осврна директно на веста дека матичната компанија на мрежата, „Дизни“, е под невообичаено строг федерален надзор, објави CNN.

Наместо тоа, Кимел употреби сатиричен монолог за посетата на кралот Чарлс и кралицата Камила на Белата куќа за да ја истакне лицемерноста на шегата на претседателот за неговиот брак со првата дама Меланија Трамп.

За време на церемонијата на добредојде на кралскиот пар, Трамп зборуваше за 63-годишниот брак на неговите родители, а потоа се сврте кон Меланија и се пошегува: „Тоа е рекорд што никогаш нема да го надминеме, душо, жал ми е“.

Осврнувајќи се на контроверзноста околу сопствените коментари за првата дама минатата недела, Кимел разиграно ја праша публиката: „Почекајте малку, дали тој штотуку се пошегува за сопствената смрт?“

„Само Доналд Трамп би сакал да бидам отпуштен затоа што се пошегував за неговите години, а потоа следниот ден тој се пошегува за своите години“, рече Кимел.

„Дизни“ застана зад Кимел додека претседателот и неговата сопруга Меланија Трамп бараат негово отпуштање од ABC.

Scroll to Top